Денес е извршена исплата од речиси 94 милиони денари на околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, соопшти Министерството за земјоделство во Република Македонија.
„89.465.370 денари за 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања за обработливи земјоделски површини за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година;
3.313.888 денари по мерка 7 – Финансиска поддршка за складирање на локално произведена пченица и јачмен;
„1.060.218 денари по подмерка 1.1 – Финансиска поддршка за ориз доставена преку Програмата за имплементација на интервентен фонд за земјоделство за 2025 година“, се наведува во соопштението.
Тие додаваат дека приоритет на Министерството е одржливоста во земјоделскиот сектор.
The post Речиси 94 милиони денари исплатени на околу 2.430 земјоделци во Македонија appeared first on Во Центар.



