Само бродови што плаќаат ќе поминуваат низ Ормутскиот теснец: Иран ќе го користи за воена компензација

Ирански официјални лица изјавија за Ал Џезира дека Иран ќе им дозволи на бродови од некои пријателски земји да поминат низ Ормускиот теснец во замена за безбедносни такси.

Според дописникот на Ал Џезира од Техеран, Али Хашем, официјалниот претставник истакнал неколку точки што ја претставуваат позицијата на Иран.

Иран ќе им дозволи на бродови од некои пријателски земји да поминат низ Ормутскиот теснец во замена за безбедносни такси. Врз основа на одлуката на највисоките државни институции, Иран има намера да добие воена отштета преку овие такси.

Иран ќе одговори решително на нападите врз објектите во Махшахр и ќе бара надомест за штетите. На неколку индиски, пакистански, турски и француски бродови веќе им е одобрен премин.

Американскиот претседател Доналд Трамп во серија изјави се закани со жестоки напади врз Иран доколку Ормутскиот теснец не се отвори во наредните денови.
The post Само бродови што плаќаат ќе поминуваат низ Ормутскиот теснец: Иран ќе го користи за воена компензација appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: