Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека според проценките, инфлацијата за март очекува да се движи од 4,5 до 5%.
,,Врз основа на нашите пресметки инфлацијата да се движи меѓу 4,5-5% во март. Ќе имаме засилување, и тоа засилување беше видливо во втората половина на март. Ги правиме анализите и ќе донесеме одлука што понатаму. Правиме анализи и да видиме дали имаме злоупотреба и непазарно однесување на поедини трговски оператори“, изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека после Велигден ако биде потребно, Владата ќе носи нови мерки за ублажување на инфлацијата.
„Следните мерки би биле таргетирани, односно за одредени целни групи на граѓани и за основните прехранбени производи како што се намалување на ДДВ-то и на профитната маржа“, рече Мицкоски.



