Девојка (29) од Битола починала откако била донесена во Општата болница во Гостивар со влошена здравствена состојба.
Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 7 часот, кога од болницата известиле дека кај нив била примена Р.М.(29), која набргу по приемот починала.
Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина.
Се очекуваат дополнителни информации по завршување на обдукцијата, која треба да ги утврди причините за смртта.



