Соединетите Американски Држави (САД) и Иран постигнаа договор за двонеделен прекин на огнот, а Пакистан, имено премиерот на оваа земја, Шехбаз Шариф, се истакна како клучен играч во преговорите.
Така, Пакистан ги донесе на преговарачка маса двете земји кои во претходниот месец, покрај илјадниците ракети и беспилотни летала, разменија и закани за „тотално уништување” и „ бришење на цивилизациите “.
Во најавите на американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, Шариф е издвоен како клучен играч во преговорите и личноста која успеала да ги доведе страните во конфликт до договор за примирје.
Шариф има бурно минато и помина долг пат од локален политичар во 1988 година до личност која успеа да ги донесе Американците и Иранците на преговарачка маса.
Особено интересен дел од неговата политичка кариера се однесува на периодот од 2000 до 2007 година, кога тој и неговото семејство живееле во егзил во Саудиска Арабија, по државниот удар во неговата родна земја.
Тој беше принуден да ја напушти земјата, каде што во тоа време веќе беше вклучен во политиката 12 години, поради обвинувања, врз основа на извештај, дека дозволил убиство на едно лице во регионот Пенџаб, по што беше уапсен.
Откако е ослободен од затвор, Шариф го напушта Пакистан со своето семејство и се враќа седум години подоцна. Една година по враќањето, тој стана премиер на покраината Пенџаб, а во 2018 година стана лидер на опозицијата, по неуспешниот обид за премиер на државата.
Сепак, во 2022 година, тој ја искористи уставната криза и импичментот на Имран Кан за да стане премиер на Пакистан по повеќе од 30 години политичка кариера. Иако не остана таму долго, односно само до 2023 година, во 2024 година се врати на позицијата лидер на земјата.
Посебен фокус на надворешната политика на Шариф беше ставен на градење односи со сите важни актери, пред сè во регионот на Блискиот Исток. Се истакнува склучувањето на договор со Саудиска Арабија, како и организирањето на голем број посети и самити со лидерите на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и други земји.
Во овој контекст, важно е да се спомене фактот дека во 2025 година дојде до ескалација на конфликтот меѓу Индија и Пакистан, каде што еден од медијаторите беа Соединетите Американски Држави, што ги интензивираше односите меѓу Вашингтон и Исламабад.
Ова му отвори можност на Шариф да се позиционира како посредник меѓу САД и Иран и да доведе до двонеделно примирје преку дипломатски активности.
Со објавувањето на прекинот на огнот, Шариф веднаш најави почеток на преговори за целосно прекинување на војната, и јасно е дека Пакистан, особено во случај на сеопфатно прекинување на огнот, ќе биде идентификуван како клучен актер во запирањето на конфликтот.
The post Кој е човекот што ги донесе Америка и Иран на преговарачка маса? appeared first on Во Центар.



