недела, 29 ноември 2026
Најново

Трамп: „Либан не е дел од договорот, и тоа ќе биде решено“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во интервју за PBS News изјави дека Либан не е дел од двонеделното примирје договорено со Иран.

„Тие не беа вклучени во договорот поради Хезболах. И тоа ќе биде решено. Во ред е“, истакна Трамп, додавајќи дека ова е „специјална конфронтација“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Порано денес, иранските медиуми објавија дека Техеран размислува да започне напад врз Израел, како и потенцијално да го прекине договорот за прекин на огнот, откако Израел го нападна Либан.

Додека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф претходно изјави дека земјата е вклучена во договорот за прекин на огнот, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистираше дека не е.

Поврзани вести