недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, при што двајцата ја разгледаа актуелната состојба на Блискиот Исток, со фокус на синоќа објавеното привремено примирје меѓу Вашингтон и Техеран.

За време на разговорот, Ердоган го изрази своето задоволство од договорот меѓу САД и Иран и нагласи дека двениделниот „прозорец на можности“, што се отвори по 40 денови полни со предизвици за целиот свет, мора да биде искористен за постигнување траен мир. Турскиот претседател предупреди дека не смее да се дозволи никаков саботажа на овој мировен процес, пренесува Анадолија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ердоган, исто така, потенцираше дека поддршката на Анкара за изнаоѓање излез од кризата на Блискиот Исток, во координација со „пријателските и братски земји, особено Пакистан“, ќе продолжи да се зголемува.

Разговорот доаѓа во критичен момент по повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за меѓународен сообраќај.

Поврзани теми

Поврзани вести