Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична

Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа.

Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

The post Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: