сабота, 28 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Изградбата на Коридорите 8 и 10Д напредува според предвидената динамика

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес зборуваше за динамиката на изградбата на автопатиштата, велејќи дека сите сегменти од Коридорот 8 се развиваат според предвидената динамика.

„Сите сегменти од Коридорот 8 се развиваат според предвидената динамика. Моментално се работи на галериите. Имавме мала тешкотија, морам да признаам, особено во делот на обезбедување средства за завршување на сегментот Кичево-Охрид. Бидејќи знаете дека кредитот што го добивавме од кинеската банка „Ексим“, повеќе не го добиваме, престана. Но, брзо се реорганизиравме и тој проблем беше надминат.“

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Формиран е синдикат од локални банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие локални банки ќе го завршат финансирањето и ова ќе биде последно. Со ова, тој сегмент конечно ќе биде функционален“, рече Мицкоски.

„Сегментот Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчан исто така напредува. И конечно, доставен е извештајот до кредиторите за сегментот Букојчан до спојот со Кичево, практично во сегментот на автопатот Кичево-Охрид. Значи, сум исклучително задоволен од тој дел. Исто така, на многу солиден начин, би рекол според динамиката, напредува реализацијата на сегментот Прилеп-Манастир, кој е дел од Коридорот 8, 10-Д“, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести