Израелците го отворија комплексот на џамијата Ал-Акса по неколку недели затворање

Израел ги укина неколкунеделните ограничувања за пристап до комплексот на џамијата Ал-Акса, а на муслиманите сега им е дозволено да влезат во третото најсвето место во исламот, кое се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим.

Израелските власти им забранија на муслиманските Палестинци да влезат во џамијата Ал-Акса на 28 февруари, со што се означи целосно затворање на едно од најсветите места на исламот.

Не беа направени исклучоци за муслиманите, дури ни за време на Рамазан, најсветиот месец во исламот, и за време на Фитр Бајрам.

Израелските власти го затворија комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим за муслимански верници од крајот на февруари 2026 година, наведувајќи безбедносни причини за време на војната со Иран.

Одлуката за отворање дојде по склученото двонеделно примирје меѓу САД и Иран.

Примирјето беше постигнато во последните моменти пред истекот на рокот поставен од Трамп, кој се однесуваше на отворањето на теснецот. Во случај да не се постигне договор, американскиот претседател најави дека ќе ги засили нападите, па дури и ќе ја уништи цивилизацијата.

Откако Трамп ја објави одлуката за прекин на огнот, од Израел дојде соопштение во кое се вели дека ја поддржуваат одлуката на Трамп да ги суспендира нападите врз Иран за две недели.
The post Израелците го отворија комплексот на џамијата Ал-Акса по неколку недели затворање appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: