Денеска започнува постепената, а на многу гранични премини и целосната примена на новиот дигитален систем за влез во Европска унија, познат како EES (Entry/Exit System).
Системот има цел да ја модернизира граничната контрола и да го замени класичното печатење во пасошите со електронска евиденција. При секое влегување или излегување од Шенген-зоната, податоците на патниците ќе се регистрираат дигитално, заедно со биометриски информации како отпечатоци од прсти и фотографија.
Со воведувањето на ЕЕС, европските власти очекуваат поголема безбедност, побрза обработка на патници и поефикасна контрола на прекршувањата на дозволениот престој. Сепак, во почетната фаза можно е на одредени премини да се појават подолги чекања поради адаптација на системот.
Системот е дел од пошироката стратегија на Европска унија за дигитализација на границите и подобрување на безбедносните протоколи, а во наредниот период се очекува целосна имплементација на сите влезни точки во Шенген-зоната.



