Папа Лав XIV: Ќе продолжам да зборувам против војната и покрај критиките од Трамп

Папата Лав XIV изјави дека ќе продолжи јавно да зборува против војната и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Зборувајќи со новинарите во авионот на пат кон Алжир, каде што ја започнува 10-дневната турнеја низ четири африкански земји, папата рече дека не сака да влегува во полемика со Трамп, но нагласи дека ќе продолжи да промовира мир и дијалог.

„Ќе продолжам гласно да зборувам против војната, настојувајќи да промовирам мир, дијалог и мултилатерални односи меѓу државите со цел да се бараат праведни решенија за проблемите“, рече папата. Тој додаде дека во денешниот свет „премногу луѓе страдаат“ и дека „премногу невини луѓе се убиваат“, нагласувајќи дека некој мора да посочи дека постои подобар начин.

Папата Лав XIV, по потекло од Чикаго, во последните недели ја критикуваше војната на САД и Израел против Иран и ја осуди „лудилото на војната“ во апел за мир за време на викендот. Трамп, во објава на социјалната мрежа Truth Social, го нарече папата „ужасен“ за надворешна политика и рече дека е „слаб во однос на криминалот“.

Пронајдете не на следниве мрежи: