Очекувам проевропски, проинтегративни политики и поддршка за Македонија за членство во Европската Унија, рече денеска во изјава за медиумите премиерот Христијан Мицкоски и му честиташе на Петар Маѓар победа на парламентарните избори во Унгарија.
За Груевски не сакаше да коментира, само истакна дека тоа е одлука на Унгарската држава и додаде дека за повеќе информации медиумите може да се обратат кај министерот за правда.



