Во руски напади во Украина загинаа шест лица, меѓу кои и осумгодишно дете

Осумгодишно момче загина во напад на руски дрон врз централниот украински град Черкаси, соопшти синоќа гувернерот Ихор Табуретс.

Уште 14 лица се повредени во нападот, а оштетени се четири станбени повеќекатници, се вели во извештајот објавен на Телеграм, пренесе ДПА.

Претходно, локалните власти соопштија дека пет лица загинале, а 27 се ранети во руски ракетен напад врз индустрискиот град Дњепар

Украина се брани од руска инвазија од февруари 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: