Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ја Фејсбук сподели фотографии од утринското трчање со неговиот белгиски колега Максим Прево кој од вчера е во посета на земјава.
– Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град, напиша Муцунски.
Пронајдете не на следниве мрежи:


