сабота, 28 ноември 2026
Најново

СТРАШНИ СЛИКИ – ЏИПОТ ЦЕЛОСНО СМАЧКАН: Првите слики од местото на морничавата несреќа на познатиот голман

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трагичните детали од несреќата во која загина Александар Манингер (48) дополнително ја потресоа спортската јавност.

Несреќата се случила во Нусдорф на Хаунсберг, на север од покраината Салцбург, родното место на легендарниот голман.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според полицискиот извештај, Манингер се обидел да го вози својот автомобил преку необезбеден премин на локалната железница во Салцбург.

Возот удрил директно во возилото, а поради силата на ударот и брзината на композицијата, автомобилот бил турнат стотици метри пред возот да застане.

Фотографиите од местото на настанот сведочат дека Манингер, за жал, немал шанси да го преживее овој ужасен судир.

The post СТРАШНИ СЛИКИ – ЏИПОТ ЦЕЛОСНО СМАЧКАН: Првите слики од местото на морничавата несреќа на познатиот голман appeared first on Во Центар.

Поврзани вести