Поради зголемувањето на цените на храната и нестабилноста на светските берзи по конфликтот на Блискиот Исток, Владата предупредува на подготвеност за итна интервенција со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат можност за намалување на ДДВ-то од 5% на 0%.
„Имаме можност да го намалиме ДДВ-то од 5% на 0%, бидејќи маржата што ја имаат и дистрибутерите и трговците на мало, според нас, е под 15%, додека според нив е под 10%. Првичната средба што ја имавме со сите синџири супермаркети беше многу важна, кога предупредивме дека не треба да се однесуваат на шпекулативен начин, и мислам дека досега имаме „фер-плеј“ однесување – тие не се однесуваат на шпекулативен начин, па затоа не ги зголемуваат маржите, туку ги намалуваат, бидејќи им се зголемува обемот“, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Мицкоски рече дека состојбата со горивата останува стабилна, иако има поголема потрошувачка од земјите во регионот.
The post Мицкоски: Подготвени сме да го заштитиме стандардот на граѓаните, да преземеме нови антикризни мерки appeared first on Во Центар.



