Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, за време на војната во Иран, му ги покажал на светот вистинските способности на САД, а тоа е дека тие не се семоќни.
– Трамп му покажа на целиот свет дека САД не се семоќни. Во однос на својата моќ, тие се супердржава, но не и суперсила. Сите го разбраа тоа, изјави Лукашенко за „Раша тудеј“.
Лукашенко рече дека „главниот непријател на Америка е Кина“.



