Американското Министерство за финансии во петокот ја продолжи паузата на санкциите за испораките на руска нафта, со цел да се ублажат недостигот предизвикан од војната со Иран, само неколку дена откако секретарот Скот Бесент ја отфрли таквата можност.
Т.н. „генерална лиценца“ значи дека американските санкции нема да се применуваат 30 дена за испораки на руска нафта што биле натоварени на танкери заклучно со петокот. Со ова се продолжува слична 30-дневна лиценца издадена во март, која се однесуваше на руска нафта натоварена до 11 март. Продолжувањето покажува како последиците од војната со Иран ја зголемија способноста на Москва да профитира од енергетскиот извоз, кој беше ограничен по инвазијата на Украина.
Говорејќи во Белата куќа во средата, Бесент претходно изјави дека нема да има продолжување на лиценцата. „Нема да ја обновиме генералната лиценца за руската нафта, ниту пак за иранската нафта“, рече тој. Администрацијата засега не даде објаснување за оваа промена на ставот.



