Бројот на жртви во Газа надмина 72.500 од октомври 2023 година

Бројот на жртви од израелската офанзива во Појасот Газа, од почетокот на судирите меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, се искачи на 72.551, додека 172.274 лица се повредени, соопштуваат локалните палестински здравствени власти.

Во изминатите 24 часа, болниците во Газа примиле две тела, од кои едното било извлечено од под урнатини.

Според истите извори, од почетокот на прекинот на огнот на 11 октомври 2025 година, загинале 775 лица, над 2.170 се повредени, а од урнатините се извлечени 761 тело.

Дел од жртвите сè уште се наоѓаат под урнатините и на улиците, бидејќи спасувачките и итните служби не можат да пристапат до сите погодени подрачја, пренесува палестинската новинска агенција Вафа.

Во меѓувреме, болниците соопштија дека дополнителни 196 смртни случаи се вклучени во вкупниот биланс, откако биле верификувани и одобрени од надлежната комисија за евиденција на жртви.

Пронајдете не на следниве мрежи: