Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за одложување на неговото сведочење, кое беше закажано за следната недела, како дел од судењето за корупција.
Наместо Нетанјаху, утре пред судот ќе сведочи друг сведок, а рочиштето закажано за вторник е одложено, според „Тајмс оф Израел“.
Адвокатите на Нетанјаху изјавија дека тој нема да може да сведочи следната недела од „безбедносни и дипломатски причини“, иако канцеларијата на државниот обвинител се спротивстави на одлуката.
Нетанјаху, првиот актуелен премиер обвинет за кривично дело, ги негира обвинувањата за поткуп, измама и кршење на довербата поднесени во 2019 година по години истрага.
Судењето на Нетанјаху беше закажано да продолжи откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната со Иран и по објавувањето на прекин на огнот.



