Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, им се заблагодари на гласачите по завршувањето на изборниот ден.
„Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Резултатот за нас е јасен и го направивме уште со оставката на кабинетот „Желјазков“. Без коалиции и без непринципиелни соработки! Да ги добиеш изборите е едно, да владееш е сосема друго. Изборите одлучуваат кој ќе биде прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее“, гласи неговиот прв коментар по изборите.
Борисов истакна дека ГЕРБ може да делува и во власт и во опозиција.
„И во политиката, како и во животот, потребно е трпение“, изјави тој.



