За речиси илјада денари се зголемени месечните трошоци на едно семејство за април во споредба со март.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека синдикалната минимална кошница во април изнесува 68.797,00 денари за разлика од март кога изнесуваше 67 818,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари.
Од почетокот на годината поточно за четири месеци минималните трошоци се зголемени за 3.305 денари.


