среда, 11 ноември 2026
Најново

Одбраната на Дејан Јованов бара куќен притвор за него поради влошена здравствена состојба

Одбраната на првообвинетиот во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ бара притворот да му биде заменет со куќен притвор поради влошена здраствена состојба.
Адвокатката Ивана Коцевска денеска пред судот рече дека лекувањето во затворски услови е несоодветно и дека може да предизвика сериозни здравствени последици кај нејзиниот клиент.
– Селективната примена на оваа мерка, само на двајца од вкупно 34 кои се товарат за исто дело, иако Дејан е со најлоша здравствена состојба. Мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење, рече Коцевска.
Судијката Дијана Груевска Илиевски посочи дека Јованов е спроведен денеска во затворот врз основа на мислењето од лекарите кои посочиле дека се потребни три дена за мирување.

Пронајдете не на следниве мрежи: