Поднесено е обвинение против апелациониот судија Ѓоко Ристов кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари. Во домот на неговите родители соѕидани беа пронајдени 350 илјади евра.
Обвинителката од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева вели дека при вештачењето пронајдени се траги биолошки траги од него.
– Обвинителството е уверено дека ќе го докаже пред судот. Тогаш осомничениот, сега обвинетиот, понуди своја одбрана, меѓутоа обвинителството, низ доказите што ги собираше практично до последниот момент од истрагата, просто ќе успее да ги демантира сите оние аргументи што одбраната ги понуди како аргументи во однос на делата за кои се обвинува, вели Хаџи Василева.
Одбраната на Ристов тврдеше дека парите не се негови, туку на неговите родители од продажба на ниво од 400.000 евра.



