сабота, 28 ноември 2026
Најново

Муцунски: Некои од амбасадорите се веќе потврдени, наскоро ќе се воспостави комплетна дипломатска мрежа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Процесот на пополнување на дипломатската мрежа влегува во завршна фаза, најави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, нагласувајќи дека институциите интензивно работат на пополнување на празните амбасадорски и конзуларни позиции низ целиот свет.

Според него, дел од предложените кандидати веќе добиле одобрение на владина седница, додека за останатите сè уште е во тек редовната дипломатска постапка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Барања за договори се испратени до сите кандидати. За некои од нив веќе се добиени одговори, додека за други сè уште се чекаат одговори, што е вообичаена практика во меѓународните односи“, рече Муцунски.

Тој додаде дека паралелно со новите назначувања, мандатите на некои амбасадори истекуваат, но увери дека планот е да се обезбеди целосно завршување на дипломатско-конзуларните претставништва во блиска иднина.

Поврзани вести