Се ограничуваат маржите за земјоделските ѓубрива за да се спречи зголемување на цените

Се ограничуваат маржите за земјоделските ѓубрива за да се спречи зголемување на цените, вели денес на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Највисоката маржа се утврдува до 5% во трговија на големо и мало за неорганските ѓубрива, највисоката за органските е до 10% во малопродажба и до 10% во големопродажба. До сега имало маржи од 15% па и до 70%, вели министерот кој додаде дека таквите маржи кај трговците се недозволиви.

Мерката ќе важи до 31 мај годинава.

Пронајдете не на следниве мрежи: