Македонската опозициска партија, СДСМ, вели дека најновите информации што ги добиле покажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош.
„Доколку бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасоши, јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. Несомнено, неактивноста на владата на Мицкоски и континуираното одбивање да испрати ново барање за екстрадиција е намерен обид да му се даде простор на Никола Груевски и да се заштити.“
„Додека другите земји, како Полска, на пример, дејствуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевки. Мицкоски и ВМРО не прават ништо. Тие не сакаат Груевки да се врати во Македонија и не сакаат тој да се соочи со правдата. Ова е класична одбрана на Никола Груевки од страна на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



