Од 23 до 29 април 2026 година, во арената „Борис Трајковски“ во Скопјe ќе се одржи Саемот на книгата, на кој годинава се очекува да се соберат околу 65 издавачки куќи од земјава и странство.
Според организаторите, саемот ќе понуди нови наслови, автори, како и професионални активности и дискусиони панели. На него ќе учествуваат и меѓународни претставници од Обединетото Кралство, Грција и регионот.
Настанот се одржува под мотото „Отворете прозорец кон нови светови“ и има за цел да ја промовира културата на читање и книгата.
Се очекува саемот да трае седум дена и да го трансформира Скопје во важен центар на издаваштво и читање во регионот.
The post Саемот на книгата во Скопје се отвора утре appeared first on Во Центар.



