сабота, 28 ноември 2026
Најново

Гради на изволте: Ева Лонгорија прошета во никогаш подлабоко деколте – атрибути на сите страни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ева Лонгорија се појави на доделувањето на наградите „AFI Life Achievement Award“ во театарот Долби во Лос Анџелес и веднаш го привлече вниманието на присутните.

За оваа пригода, таа избра елегантен црн фустан кој ги истакнуваше нејзините атрибути, особено деколтето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Иако не е висока, Ева Лонгорија  знае многу добро како да ја истакне својата фигура и да го извлече максимумот од секој стајлинг.

Овој пат таа се одлучи за комбинација која нагласува женственост и самодоверба.

Фустанот со едноставна линија, со тенки прерамки и длабоко деколте, дополнително го истакнуваше горниот дел од силуетата, кој беше во центарот на вниманието . Целиот изглед беше дискретен, но многу впечатлив.

Стајлингот беше комплетиран со дискретни детали, нежна дијамантска огрлица ја следеше линијата на вратот и суптилно го нагласуваше деколтето, додека остатокот од комбинацијата остана минималистички.

На црвениот тепих, таа изгледаше опуштено и самоуверено, со насмевка што го надополнуваше целокупниот впечаток.

Поврзани вести