Зеленски откри каде ќе ги потроши милијардите што Украина ги доби од ЕУ

– Многу сме благодарни за денешниот голем напредок: пакетот помош од 90 милијарди и пакетот санкции, што е исто така одличен сигнал. Ќе работиме на тоа средствата да стигнат што е можно поскоро, рече Зеленски во заедничкото обраќање со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Кипар.

Тој нагласи дека ова ќе ѝ овозможи на украинската армија да се зајакне и подобро да се подготви за следната зима.

– Ова е важно за нас и, секако, ќе ја зајакне нашата армија, украинските сили и ќе ни овозможи да го зголемиме производството на системи за воздушна одбрана и да работиме понапорно за да го заштитиме нашиот енергетски систем пред зимата. Заедно ќе решиме многу прашања поврзани со заштитата на животот. И, секако, ќе продолжиме да работиме на тоа да ја туркаме Русија кон вистинска дипломатија со цел да се стави крај на оваа војна, рече украинскиот лидер.

Претходно денес, претседателот на Европскиот совет објави деблокирање на кредитите за поддршка на Украина за 2026-2027 година и усвојување на 20-тиот пакет санкции против Русија.

Денес, Зеленски ќе присуствува на неформалниот состанок на Европскиот совет, кој се одржува на Кипар.
The post Зеленски откри каде ќе ги потроши милијардите што Украина ги доби од ЕУ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: