Поранешниот тренер на Барселона и еден од најдобрите играчи од средниот ред во модерниот фудбал, Чави Ернандез, уште еднаш ги откри причините зошто Лео Меси не се врати во Барселона во 2023 година.
Чави објасни дека сака да ги врати некои од легендарните фудбалери во тимот, вклучувајќи го и Меси.
„Успеав да ги вратам деновите на Алвес, се обидов истото со Нејмар, Педро и Меси. Она што беше јасно беше дека Педро и Нејмар не можеа да потпишат за нас поради економската ситуација.“
„Кога стануваше збор за Меси, претседателот (Жоан Лапорта, ур.) не го сакаше. Се обидовме да го доведеме во 2023 година. Разговаравме пет месеци и сè беше готово, но на крајот претседателот на клубот рече не“, додаде Чави.
За потсетување, Меси ја напушти Барселона во 2021 година по повеќе од две децении поминати во клубот каде што го стекна статусот на најголема легенда, но исто така стана и најдобар играч во фудбалот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



