Руските научници изнесоа тврдење за независен живот на Марс.
Главниот научен соработник и раководител на „Вселенска биологија“ во Институтот за медицинско-биолошки проблеми на Руската академија на науките, Владимир Сичев, изјави дека современите технологии не дозволуваат создавање база на Марс што би можела да функционира целосно автономно без снабдување со ресурси од Земјата.
„Ако се случи трагедија на Земјата , каде би можеле да одиме? Не верувам дека човештвото би можело да се евакуира на Марс, дури и со сите технички средства. Тоа би барало изградба на целосно затворена биосфера, што е невозможно на сегашното ниво на технолошки развој“, изјави Сичев за РИА.
Според него, сегашната технологија е доволна само за да се стигне до Марс , додека системите за поддршка на животот, иако имаат минимални капацитети за регенерација, во голема мера зависат од залихите од Земјата
Тој го спомена и проблемот со заштитата од секундарно зрачење на Марс , кој сè уште не е решен.
Сичев додава дека фокусот на човештвото на Марс треба да биде потрагата по живот или траги од него од минатото, но дека оваа задача може да ја извршат и автоматизирани вселенски летала.
The post Научниците шокираа: Нема живот на Марс appeared first on Во Центар.



