Ставот на Русија за ситуацијата околу Иран е јасен и гласи дека сите воени дејствија мора да престанат и дека мора да се преговара за меѓусебно прифатлив договор, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Нашиот став не се разликува од она што претседателот (на Русија Владимир Путин ) го изјави неколку пати, како што објавивме по неговите телефонски разговори со лидерите на Иран , Обединетите Арапски Емирати и во нашите контакти со Американците и Израелците . Нашиот став е многу едноставен. Мораме да ги прекинеме сите воени операции и да започнеме преговори за меѓусебно прифатливи договори“, рече Лавров , пренесува РИА Новости.
Претходно денес, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се сретна во Русија со претседателот Владимир Путин и Лавров .
Путин разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со иранскиот министер, велејќи дека Москва ќе направи сè во интерес на Иран и другите земји во регионот за да се воспостави мир што е можно поскоро.
Рускиот претседател истакна дека Русија има намера да ги продолжи стратешките односи со Иран, нагласувајќи дека иранскиот народ „храбро и херојски се бори за својот суверенитет“ и изразувајќи надеж дека земјата ќе успее да го надмине периодот на искушенија и дека наскоро ќе се воспостави мир.
Тој, исто така, наводно му ги пренел своите најдобри желби на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи .
The post Лавров: „Путин веќе рече – преговорите мора да започнат“ appeared first on Во Центар.


