Шпанската фудбалска суперѕвезда Ламине Јамал ќе ги пропушти првите два натпревари од Светското првенство, објави каталонскиот весник „Спорт“.
Јамал неодамна се повреди на натпреварот на Барселона против Селта Виго, кога скина мускул на ногата, а се покажа дека повредата е посериозна отколку што првично се сметаше.
Барселона објави дека Јамал ќе го пропушти остатокот од сезоната, односно преостанатите шест натпревари во Ла Лига, во кои нема да им биде потребен ниту за да ја одржат големата предност во однос на Реал и да ја освојат титулата во лигата. Сепак, Јамал нема да биде достапен за првите два натпревари на Шпанија на Светското првенство.
Јамал ќе ги пропушти натпреварите против Капо Верде и Саудиска Арабија, против кои Фурија е голем фаворит и не би требало да има проблем да забележи две победи на почетокот од нивната кампања на покривот на светот.
Барселона верува дека Јамал не треба да брза со закрепнувањето, а медицинскиот тим на каталонскиот клуб изразува загриженост за можноста повредата да се повтори доколку 18-годишникот се врати на теренот прерано.
Проценките покажуваат дека закрепнувањето од истегнување на тетивата трае помеѓу четири и шест недели. Според таа временска рамка, Јамал би можел да биде подготвен за третиот натпревар од групната фаза, против Уругвај, закажан за 27 јуни.
The post Полошо е отколку што мислеа: Јамал ги пропушта првите два натпревари на Светското првенство appeared first on Во Центар.



