Филипче: Наместо да презема мерки во криза, Мицкоски се однесува како аналитичар

„Во време на тешка криза, премиерот Мицкоски, наместо да презема мерки за помош на граѓаните, се однесува како аналитичар“, нагласи лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М. Филипче нагласи дека овој став на премиерот јасно покажува дека оваа влада не сака земјата да напредува, ниту пак има волја да им помогне на граѓаните.

„Тие не сакаат земјата да оди напред, ниту да направат нешто добро за граѓаните. Она што го кажува премиерот во време на тешка криза, ние го набљудуваме, ќе видиме како ќе биде – како ќе се однесува како независен аналитичар. Нашите политики произлегуваат од деталните анализи на експертските комисии на партијата, тие се базираат на добрите политики што ги спроведувавме во минатото и вака ги спроведуваме“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ понудил конкретни решенија, кои во оваа криза ќе дале реален ефект што граѓаните ќе го почувствувале, но владата не ги прифатила.

„Имаме автентични опозициски политики и за жал можам да заклучам дека добрите политички предлози што се обидуваме да ги спроведеме преку предлог-закони, оваа влада не ги прифаќа. Во областа на платите, дадовме предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра, дадовме предлог за ограничување на цените на основните прехранбени производи, дадовме предлог за ограничување на цените на горивата – оваа влада не прифати ништо, но ова веќе не нè изненадува“, рече Филипче.
The post Филипче: Наместо да презема мерки во криза, Мицкоски се однесува како аналитичар appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: