Николоски:Автопатот Охрид-Кичево се гради и ноќе – од утре во функција клучката Требеништа

Интензивирани работи, нови делници во употреба и ветување дека ниту едно населено место нема да остане изолирано.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо, при што работите се изведуваат и во доцните вечерни часови, благодарение на поволните временски услови.

„На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден“, наведува Николоски.

Дополнително, тој најави дека од утре во употреба се пушта клучката Требеништа, со што се заокружува уште една важна фаза од овој инфраструктурен проект. Според министерот, јасната цел, координацијата и политичката волја се клучни фактори за напредокот на терен. „Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни“, стои во објавата.

Паралелно со главната траса, интензивно се работи и на споредните патишта, кои претходно не биле предвидени, а имаат за цел да обезбедат подобра поврзаност на населените места долж трасата. Од Министерството потенцираат дека се работи за континуирана реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата, со порака дека инфраструктурниот развој останува еден од приоритетите.

„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Во рамки на засилената динамика на терен, извршен е и увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, кај клучката Требеништа, која од утре официјално се пушта во сообраќај.Институциите посочуваат дека работите се одвиваат со максимална посветеност, со цел автопатот да биде завршен во предвидениот рок и да ги исполни очекувањата на граѓаните и стопанството.Покрај главната траса, акцент се става и на подобрување на локалната поврзаност. Во тек се активности за изградба на соодветни пристапни патишта и клучки, со што сите населени места долж автопатот ќе добијат директен и функционален пристап.Со ваквиот пристап, надлежните уверуваат дека проектот не само што ќе ја подобри транзитната инфраструктура, туку ќе придонесе и за рамномерен регионален развој.

The post Николоски:Автопатот Охрид-Кичево се гради и ноќе – од утре во функција клучката Требеништа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: