Ќерката на познат актер изврши самоубиство

Ќерката на актерот Питер Фалк, познат по улогата на легендарниот детектив Колумбо во серијата „Колумбо“, почина, а истрагата утврди дека станува збор за самоубиство.

Жаклин Фалк беше пронајдена мртва во Калифорнија, а според информациите објавени од TMZ, Канцеларијата на судскиот вештак од Лос Анџелес изјави дека станува збор за самоубиство , пренесува The Sun.

Жаклин беше една од двете ќерки на познатиот актер. Нејзиниот татко се ожени со Алис Меј во 1960 година, со која ги посвои Жаклин и нејзината сестра Катерина. Бракот заврши во 1976 година, по што Фалк повторно се ожени со актерката Шера Даниз.

Веста за нејзината смрт предизвика внимание во јавноста, со оглед на тоа што нејзиниот татко остави длабок белег во телевизиската историја преку ликот на необичниот, но сакан инспектор Колумбус, кој одбележа една ера на криминалистичките серии.

Питер Фалк почина во 2011 година.

The post Ќерката на познат актер изврши самоубиство appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: