сабота, 28 ноември 2026
Најново

Американските трупи се повлекуваат од Шпанија и Италија?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе разгледа повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија.

Трамп им рече на новинарите „веројатно“ кога беше прашан дали би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија , еден ден откако објави дека Вашингтон размислува за намалување на бројот на воен персонал во Германија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој вчера изјави дека Пентагон ја разгледува можноста за повлекување на дел од 40.000 американски војници стационирани во Германија .

Трамп на социјалните мрежи изјави дека се разгледува распоредувањето на американските сили во Германија , каде што се наоѓа седиштето на Европската команда на САД , нагласувајќи дека постојното распоредување е дел од пошироката стратегија на НАТО за одбрана на европскиот континент.

Поврзани вести