Од моментот кога се повлече од јавноста поради тешка болест, состојбата на легендарниот актер Брус Вилис предизвикува огромно внимание низ целиот свет. Неговото семејство сега донесе емотивна одлука што би можела да им помогне на идните генерации болни.
Познатиот актер се пензионираше од глумата во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на способноста за говор и комуникација. Една година подоцна, семејството објави дека тој страда од фронтотемпорална деменција, сериозна болест која влијае не само на говорот, туку и на однесувањето, емоциите и личноста.
Најнови информации од семејството
Сега неговото семејство одлучи дека по неговата смрт неговиот мозок ќе биде дониран на науката за да помогне во истражувањето на оваа сериозна болест.
Веста ја потврди неговата сопруга, Ема Хеминг Вилис, која зборуваше за сè во својата книга „Неочекувано патување: Наоѓање сила, надеж и себеси на патот кон лекување“.
Како што откри таа, одлуката ја донеле заеднички сите членови на семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга на Брус, Деми Мур, како и нивните пет ќерки.
„Ова е емоционално многу тешко, но исто така и научно неопходно “, рече Ема.
Таа додаде дека семејството верува дека овој чин би можел да им помогне на лекарите и научниците подобро да ја разберат фронтотемпоралната деменција и да пронајдат нови начини за нејзино лекување.
Брус Вилис ги има ќерките Мејбл и Евелин со сопругата Ема Хеминг, додека од бракот со Деми Мур ги има ќерките Румер, Скаут и Талула.
Семејството отворено зборуваше за борбата на актерот со болеста уште од самиот почеток, обидувајќи се да ја подигне свеста за фронтотемпоралната деменција, која ги погодува илјадници луѓе низ целиот свет.
The post Болни вести за Брус Вилис, семејството подготвено за најлошото: Донесоа голема одлука и го оставија светот во шок appeared first on Во Центар.



