Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Загреб, Хрватска, учествуваше и одржа говор на форумот организиран од Меѓународната унија за демократија (IDU).
Форумите на Меѓународната унија за демократија ги здружуваат креаторите на политики, високите претставници на партиите и лидерите на мислата од глобалното членство и пошироко, овозможувајќи отворена размена на идеи и интензивна дебата меѓу партнерите кои ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата.
Во својот говор, министерот Муцунски нагласи дека земјата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план. Тој нагласи дека не го прифаќа наративот на жртвата, иако, како што нагласи, земјата постојано се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека формирањето на бугарската влада ќе создаде нов импулс за движење напред.
Во однос на европската интеграција, министерот нагласи дека поддршката од поединечните земји-членки е важна, но дека е потребен координиран пристап од сите земји-членки на Европската Унија. Тој посочи дека очекува таков пристап да биде заеднички и координиран, споменувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.
Осврнувајќи се на геополитичките предизвици, министерот Муцунски нагласи дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи чекор кон проширување на Унијата. Во исто време, тој нагласи дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.
The post Муцунски: ЕУ треба да направи чекор кон проширување appeared first on Во Центар.



