Тие се еден од најпознатите славни парови, а нивниот брак е постојано во центарот на вниманието, без разлика колку се трудат да го задржат во приватност.
Хејли Бибер и Џастин Бибер се постојано под лупа на јавноста, особено откако се венчаа во 2018 година, по бројни раскинувања и помирувања за време на нивната врска . Во август 2024 година, тие станаа родители на момче, Џек Блус, и покрај тоа што сакаат да живеат мирен, семеен живот, медиумите не ги оставаат на мира.
Дали се среќно венчани сè уште е предмет на дебата, а Хејли опиша како е да се живее заедно во центарот на вниманието.
„Мислам дека во оваа позиција генерално се соочувате со многу осудувања“, рече таа и искрено призна дека ѝ е тешко што секоја ситница во нивната врска се набљудува и анализира.
„ Тие создаваат наратив за вас, а понекогаш тоа може да биде навистина непријатно и бизарно, бидејќи мислам – па, тоа воопшто не е вистина “, објасни таа во интервју за „Тајм“.
View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)
И Хејли и Џастин долго време сакаа да станат родители, а неодамна проговори за ризичната бременост и откри дека нејзиниот лекар ја советувал да не забременува , но – таа забременила.
Таа наговести дека таа и Џастин би сакале уште деца и нагласи дека не брзаат. „Можеби ќе имам уште четири. Можеби три. Не знам, навистина не знам. Одам ден по ден “, откри популарната манекенка и инфлуенсерка.
View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)
The post Никој не верува во нивниот брак: Хејли Бибер искрено проговори за проблемите appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



