Нови случаи на семејно насилство, приведени пет лица

Нови пет случаи на семејно насилство регистрира полицијата. Приведени се пет лица од кои двајца од Куманово, еден државјанин од Љубљана, Словенија, еден од струмичко и еден од Велес.

Во Куманово се пријавени два случаи на семејно насилство. Во едниот случај 35-годишен сопруг со иницијали М.С. физички на нападнал неговата 31-годиншна сопруга и двете малолетни деца.

Во вториот случај приведен е 57-годишен татко со иницијали М.Д. затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка.

Синоќа е регистриран случај на семејно насилство и во Охрид кога на булеварот „Македонски Просветители“ е приведен И.К.(48) од Љубљана по претходна пријава дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга.

Вчера во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица привеле 36-годишен жител од тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 65-годишна мајка.

Приведен е и 23-годишен велешанец по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сестра.

По целосно документирање на случаите, полицијата најавува соодветни пријави за сите сторители на семејно насилство.

The post Нови случаи на семејно насилство, приведени пет лица appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: