Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ги отфрли тврдењата дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево ќе чини милијарда евра и дека нема да биде завршена, нарекувајќи ги „невистини, лаги и манипулации“.

„Самопрогласени ‘синдикални лидери’ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ниеден факт! Нула!!!“, напиша Николоски.

Тој апелираше, како што вели, да не се „замајува народот“, нагласувајќи дека проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок.

„За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, посочи министерот.

Во објавата, Николоски ја критикуваше претходната власт, наведувајќи дека во изминатите години не бил направен значаен напредок.

„Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно“, наведе тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: