Мицкоски: Се додека имаме структури кои коленичат пред бугарските власти, не очекувам подобрување на односите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски лично не очекува подобрување на односите со Бугарија по изборот на новата влада во Бугарија, поради, како што денеска изјави, политички и општествени структури во земјава кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти.
– Не очекувам воопшто да се промени атмосферата, напротив очекувам истата таа атмосфера да се вжешти затоа што се уште имаме структури, и политички и општествени кај нас дома, кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Се додека има такви политички и општествени сили не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед. Но, како Влада сме секогаш подготвени за билатерални или трилатерлни разговори и да ги соочиме нашите аргументи, рече Мицкоски.
Повтори дека црвената линија останува заштитата на македонскиот идентитет.
– Како влада ќе опстоиме на она што претставува наш корен, а тоа е македонскиот идентитет. Тоа е црвената линија и тука ни милиметар нема да отстапиме, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Се додека имаме структури кои коленичат пред бугарските власти, не очекувам подобрување на односите со Бугарија appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: