Мицкоски: Гоце Делчев бил пред времето и оставил неизбришлива трага во македонската историја и идентитет

Денеска од името на владата одадовме вечен помин на жртвата, на великанот, македонскиот јунак Гоце делчев и на тој начин сакаме да покажеме како Влада, ќе сториме се за де неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ, ни и за сите граѓани кои што живеат во Македонија остане вечна, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод одбележувањето 123 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.

-Да се сеќаваме на неговиот лик и дело и на тој начин тој лик и дело биде пренесен на генерациите кои што доаѓаат по нас, бидејќи вредностите во кои што верувал нашиот великан Гоцџе делчев за жал денеска некои земји членки на Европската унија се уште не ги ги почитуваат. Не само што не ги почитуваат туку и не ги спроведуваат, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека Делчев бил пред времето и како таков оставил неизбришлива трага во македонската историја и македонскиот идентитет.

-Нека му е вечен поменот и секоја година на овој ден и идните Влади да ја продолжат оваат традиција и да одбележуваат вечен помен на ликот и делото на Гоце Делчев, истакна Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: