Митко Чавков е пуштен на условен отпуст

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден во случајот „27 април“, денеска е пуштен на условен отпуст. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Затвор Штип, Дејан Здравков.

Чавков ја напуштил казнено-поправната установа утрово околу 10 часот, откако дел од затворската казна ја издржуваше токму во Затвор Штип.

Тој беше осуден на 18 години затвор за тероризам поврзан со настаните од 27 април 2017 година, кога дојде до насилен упад во Собранието на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: