По гужвите кои се прават со воведувањето на ЕЕС системот за влез и излез во државите од Еврпската унија денеска премиерот Христијан Мицкоски ги повика македонските граѓани да ги поминат летните одмори во земјава.
– Имаме одредени разговори во рамки на Унијата како би се надминало тоа, но ако претставува проблем, имаме прекрасни езера и планини во Македонија. Ги повикувам македонските грашани да ги поминат своите летни годишни одмори на македонските планини, езера и села затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме бидејќи резервна немаме, рече Мицкоски.
Воведувањето на ЕЕС системот и продолжениот првомајски викенд вчера направија километарски колони на македонско-грчката граница каде се чекаше и по неколку часа.
Неодамна, Туристичката комора побара од грчкото Министерство за туризам привремено да се одложи примената на ЕЕС системот во летниот период.
И додека Македонија чека, српските државјани најверојатно летово ќе бидат поштедени од ЕЕС системот во Грција. Српските туристички претставници, како што пишуваат медиумите, добиле уверување дека контролите за српските граѓани ќе се применуваат пофлексибилно во летниот период.
The post Летувајте во земјава ако ЕЕС е проблем, повика Мицкоски appeared first on Provereno.



