Одбележување на Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
На  130. седница на Владата на Република Северна Македонија беше донесена одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилца и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.
Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Северна Македонија. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови.
Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, во граничните подрашја на соседството Грција, Албанија, Бугарија, и кај иселеништвото во САД, Австралија, Канада и други земји.
Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик во целата република.  Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.
  Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со пригодни настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам. 
The post Одбележување на Денот на македонскиот јазик appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: