Крстосувачот „MV Hondius“ со околу 150 луѓе на бродот е закотвен во близина на брегот на Капо Верде откако тројца патници починаа, а најмалку тројца се разболеа од сомнителен хантавирус, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и операторот на бродот.
Бродот, управуван од холандската компанија „Оушенвајд експедишн“, патувал на рутата од Аргентина до Антарктикот кога било пријавено појавување на хантавирус , објави АП.
Властите на Капо Верде одбија да им дозволат на патниците да се истоварат поради ризик по јавното здравје , па затоа бродот останува во отворени води.
Според извештаите, на бродот има 24 членови на екипажот и 87 патници, додека меѓу заболените има членови на екипажот со респираторни симптоми.
СЗО соопшти дека координира евакуација и медицинска проценка , предупредувајќи дека ризикот за пошироката јавност е низок, но дека истрагите се во тек.
Меѓу потврдените и сомнителните случаи има патници кои развиле тешки симптоми , додека некои се евакуирани во Јужна Африка, каде што едно лице е во критична состојба.
Еден починат патник веќе е позитивен на вирусот, додека причината за епидемијата сè уште се утврдува.
Хантавирусот се пренесува преку контакт со заразени глодари или нивни секрети, а во ретки случаи, и меѓу луѓе.
Властите и СЗО продолжуваат со истрагата и организираат евакуација и медицинска помош за патниците и екипажот додека бродот чека дополнителни инструкции.
The post Драмата на крузерот поради смртоносниот вирус продолжува: Забрането е излегување appeared first on Во Центар.



